-->
-->
Изгоре шлепер натоварен со боци метан на регионалниот пат Кочани - Македонска Каменица
-->
Попладнево се запали камион на регионалниот пат Кочани - Македонска Каменица.
Неофицијално пожарот настанал во кабината на камионот „волво“ кој превезувал боци со метан.
Локалните пожарникари кои пристигнале на местото на несреќата успеале да го изгаснат огнот во кабината и да спречат поголема катастрофа.
Имено, огнот не ги зафатил боците кои се превезувале на шлеперот, а возачката кабина е целосно уништена.
Нема информации за повредени или жртви во несекојдневната случка на оваа делница, како и за причините поради кои се запалил камионот.
Фотографиите ги испрати читател на сајтот на ТВ Сител.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Алкараз: Сакам да го срушам рекордот на Ѓоковиќ за најмногу Грен слем титули
-
Верстапен: Сега има шанси за титула
-
Клоп се враќа на клупата на Ливерпул?
-
Кевин Дурант стана најплатениот играч
-
Јувентус бара нов тренер
-
Триумф над четвртата носителка на Ѓорческа во Роверето
-
Променливо време со повремен дожд и ветер до крајот на неделава
-
Цариниците спречиле обид за криумчарење мигранти