Јувентус бара нов тренер
Поразот во последниот натпревар од Серија А на Јувентус од Комо на гости (0:2) носи многу неизвесност за останувањето на хрватскиот тренер Игор Тудор на клупата на Јувентус. Судбината за неговото останување ќе се знае по следните два дуела на клубот во Мадрид и во Рим.
Италијанските медиуми веќе споменуваат нови имиња за клупата на Јувентус, кои би можеле да го заменат Тудор. Ова особено доколку екипата има слаби резултати на дуелите со Реал Мадрид (Лига шампиони) и Лацио (Серија А).
Еден од првите кандидати е Лучано Спалети, кој последен ангажман го имаше како селектор на Италија. Потенцијален нов тренер е и Роберто Манчини, но големо влијание ако има нов тренер секако ќе биде и платата на Тиаго Мота (тренер), кој е уште на платниот список на Јувентус до 2027 година.
МИА
Ново на Сител
-
Алкараз: Сакам да го срушам рекордот на Ѓоковиќ за најмногу Грен слем титули
-
Верстапен: Сега има шанси за титула
-
Клоп се враќа на клупата на Ливерпул?
-
Кевин Дурант стана најплатениот играч
-
Јувентус бара нов тренер
-
Триумф над четвртата носителка на Ѓорческа во Роверето
-
Променливо време со повремен дожд и ветер до крајот на неделава
-
Цариниците спречиле обид за криумчарење мигранти