Македонија
11. February 2023 - 15:47

Изгоре маж во пожар во село Крушеани

Маж изгоре во сопствената куќа во село Крушеани.

- На 10.02.2023 во 10.20 часот во СВР Битола е пријавено дека во с.Крушеани, Општина Кривогаштани настанал пожар во куќа, сопственост на Ц.П.(43), лице со здравствени проблеми, во кој целосно е опожарен инвентарот во куќата и кровната конструкција. При увидот, во една просторија пронајдено е безживотно изгорено тело, велат од МВР.

Како што информираат од МВР, пожарот е изгаснат од противпожарните единици од Битола и од Кривогаштани. За настанот е известен Јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ОВР-Прилеп.