-->
-->
Изгаснат пожарот кај Теферич
-->
Целосно е изгаснат пожарот што вечерва зафати дел од Водно кај локалитетот Теферич.
Како што информира командантот на Скопската противпожарна бригада Благоја Менковски, опожарени се сува трева и грмушки на околу 3.000 метри квадратни површина. Причината за пожарот е најверојатно човечки фактор.
- Реагиравме веднаш по добиената дојава за пожарот. Во гаснењето беа вклучени седум противпожарни возила со 15 пожарникари, изјави Менковски.
На терен, додаде, останува да дежура екипа со едно возило.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
За една деценија државата „загубила“ 28 000 ученици
-
Избори во Германија
-
Преглед на вестите од светот
-
Европскиот фронт ќе оди со заеднички листи
-
Се планира довршување на заградите во капмпусот на УКИМ
-
20 години агенција за радијациона сигурност
-
Преглед на вестите од светот
-
Tема на денот со Владимир Божиновски