Издадени 2.496 потврди за право на азил

За 24 часа издадени се потврди на вкупно 2.496 странски државјани, од кои 992 од машки и 460 од женски пол, како и на 1.033 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и уште на 11 деца кои патуваат без придружба, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.
Според државјанството, како што соопшти МВР, најмногу се издадени потврди на државјаните на Сирија-1.152, потоа на 867 државјани на Авганистан и на 477 на државјаните на Ирак.
Од почетокот на годината до вчера, издадени се потврди на вкупно 57.973 странски државјани, од кои 23.931 се од машки пол, 12.427 се од женски и 21.502 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 113 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-28.581, Авганистан-18.314 и Ирак-11.075.
Вчера, до Секторот за азил поднесени се три барања за признавање право на азил од двајца државјани на Авганистан и едно од Сирија врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.
Од 1 јануари оваа година до вчера, до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил вчера евидентирани се вкупно 17 баратели на азил од кои 14 мажи, една жена и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, една жена, три малолетни деца со придружба на старател, четири малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.
Ново на Сител
-

Бран протести низ Бугарија: Како одговор на граѓанскиот гнев предлог-буџетот е повлечен, но притисокот за предвремени избори продолжува
-

Руте: Само Трамп може да го надмине ќорсокакот во војната во Украина
-

Приведен дрвокрадец од село Мартолци, Општина Чашка
-

1300 евра казна за камиони кои со кал на гумите се вклучувале во сообраќај од градилиште во Аеродром
-

Од 110.000 на 50.652 – бројката на регистрирани сообраќајни прекршоци преполовена за еден ден
-

Стевче Трпковски нов директор на „Дрисла“, Владимир Кроневски на „Градски паркинг“
-

Еве како се шверцуваат цигари во камиони на ГП Ново Село | ВИДЕО
-

Дечињата од кикбокс клубот Fight Gym M4 со 9 медали на „PHX CUP Germany 2025“
