Избирачкото место 1272 во Охрид отворено навреме, гласањето се одвива непречено
Гласањето на Избирачкото место 1272 во Општина Охрид каде се повторуваат Парламентарните избори одржани на 8 мај се одвива непречено. Како што информираа од ОИК, гласачкото место е отворено навреме, а изборниот процес тече согласно процедурите.
Изборното место 1272 се наоѓа во ОУ „Христо Узунов“, на улицата „Питу Гули“, во охридската наелба Горна Влашка маала. Според Единствениот избирачки список, на тоа избирачко место има вкупно 711 избирачи, од кои на Парламентарните избори што се одржаа на 8 мај на гласање излегле 433 лица, односно 60,9 отсто од избирачкото тело.
Според ОИК, во текот на вчерашниот ден кога гласаа болните и немоќни лица, лицата кои издржуваат казна затвор и лицата сместени во центрите за вонсемејна грижа, на ИМ 1272 во Охрид, правото на глас го искористиле двете запишани лица во посебниот извод од Избирачкиот список.
Ново на Сител
-
Ќе има ли ќар Македонија од евентуално репреговарање со Бугарија? Аналитичарите со спротиставени ставови
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Ристовски најавува нови критериуми за ваучер системот во спортот и строги контроли
-
Поради зголемени безбедносни мерки по нападот во Србија, гужви на ГП „Табановце“
-
Убиство како на филм во Батинци: Напаѓачите избегале со маски, дигнат е хеликоптер
-
Филипче нов лидер на СДСМ покрај бројни сомнежи за изборни злоупотреби
-
Мицкоски: Преспа е завршена работа - со Бугарија пак ќе преговараме
-
Муртезани: Уставните измени ќе се случат, алтернатива нема да има