Иванов во интервју за ХТВ: Заев влезе во туѓа игра од која сега не може да излезе

Заев е пред се многу исплашен. Преплашен. Затоа што очигледно не го испорачал тоа што се очекувало од него. Влегол во туѓа игра во која што не може сега да излезе. Тој сега прави грешки. Кога е човек исплашен прави грешки. Тие негови грешки сега го внесуваат во многу потешка состојба од онаа кога почна сево ова кога сакаше преку снимки, кои, како што вели тој, ги добил од странски служби, да ја сруши легално избраната Влада на Република Македонија, изјави македонскиот претседател Ѓорге Иванов во интервјуто за хрватската национална телевизија ХТВ, одговарајќи на прашањето која е причината за постапките на Заев.
Во интервјуто за ХТВ, Иванов посочува дека лидерот на СДСМ Зоран Заев 67-те потписи ги добил под уцена од албанските партии да прифати платформа која, како што нагласи тој, е донесена во Кабинет на премиер на туѓа држава.
- Доколку јас дадам мандат на некој што прифатил платформа на туѓа држава, согласно нашиот Кривичен закон, членот 308, ја рушам независноста на државата. Во членот 308 изричито стои: тој што би ја довел државата во подредена состојба и зависност на друга државност се казнува до пет години, вели македонскиот претседател.
Според Иванов, ниту Уставот, ниту неговата совест, ниту свечената заклетва која ја дал како Претседател на Република Македонија, не му дозволуваат да го даде мандатот на Зоран Заев и да си дозволи да ја доведе Македонија во подредена состојба и зависност од друга држава.
- Мојата заклетва се разликува од другите јавни функции и таму стои дека јас морам совесно и чесно да ја обавувам функцијата Претседател на Република Македонија. Да ги почитувам Уставот, законите, но и територијалниот интегритет, сувереноста и независноста на државата, вели Иванов во интервјуто за ХТВ.
Ново на Сител
-

Кривична за 49-годишен тетовец, преку социјални мрежи упатувал закани кон новинарка
-

Ердоган: Израел продолжува со окупација и напади врз Појасот Газа
-

Усмртен велосипедист на мостот „Гоце Делчев“
-

Поскапуваат горивата за половина до еден денар по литар
-

Лажен поп кој пеел за покојните на Задушница уапсен на гробиштата во Ѓорче Петров
-

Тешко повредено момче при тепачка во кавадаречко, приведено едно лице
-

Костадин Ацевски поднесе оставка во СДСМ, го повика Филипче и целото раководство да го стори истото
-

Одѕивот на локалните избори првпат не надминува 50 проценти, најнизок од независноста на земјата
