Иванов упати сочувство до иранскиот претседател по повод катастрофалниот земјотрес
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, упати телеграма со сочувство до претседателот на Исламска Република Иран, Хассан Рухани по повод катастрофалниот земјотрес.
- Со големо жалење ги примив вестите за катастрофалниот земјотрес и длабоко жалам за загубените животи, за човечките страдања и големите штети од оваа катастрофа. Нема соодветни зборови кои ќе ја намалат Вашата и тагата на граѓаните на Исламската Република Иран, но дозволете ми во името на граѓаните на Република Македонија и во свое лично име да Ви упатам изрази на мое најискрено сочувство. Сигурен сум, господине претседател, дека со Вашето лидерство Исламската Република Иран брзо ќе ги надмине последиците од оваа природна катастрофа. Примете ги, Ваша екселенцијо, изразите на моето највисоко почитување, стои во телеграмата.
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска