Иванов одбил евакуација од меморијалниот центар во Поточари по инцидентот со Вучиќ
Македонската делегација, предводена од претседателот Ѓорге Иванов, што денеска присуствуваше комеморацијата по повод 20-годишнината од злосторството во Сребреница била во непосредна близина на инцидентот, каде главна мета на насобрана група граѓани беше српскиот премиер Александар Вучиќ.
Претседателот Иванов, не бил цел на напад иако се наоѓал во непосредна близина на инцидентот.
Македонскиот претседател, информираат од неговиот кабинет, бил веднаш до местото на инцидентот и објаснуваат дека за малку е избегната поголема ескалација на ситуацијата, откако српскиот премиер Александар Вучиќ беше нападнат од насобраните граѓани, кои присуствуваа на комеморацијата по повод 20-годишнината од злосторството во Сребреница, во Босна и Херцеговина.
Од кабинетот на претседателот Иванов објаснуваат дека од организаторите на настанот сериозно се разгледувала можноста тој да биде евакуиран, но македонскиот претседател останал до крајот на комеморацијата.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
„Не може некој со плата од 2.000 евра да кажува дека 400 евра е доволно“ – првомајски протест во Скопје
-
Кој колку троши по кафеани и се грижи за работниците – на Први мај власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања
-
0д 1-ви мај лани, до 1-во мај годинава, статус кво на работничките права
-
Традиционален првомајски пикник
-
Македонците масовно патуваат за 1 мај - најмасовна Богородица
-
Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши до средината на јуни