Иванов на Велигденска литургија во Соборниот храм
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов кој присуствуваше на Велигденската воскресна литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје на сите православни верници им го честиташе најголемиот христијански празник Воскресение Христово - Велигден.
- На сите што денес го слават Велигден би сакал да им го честитам овој голем христијански празник со традиционалниот поздрав Христос Воскресна, навистина Воскресна. Празникот Велигден не е само воскресение, тоа е празник и момент на лично воздигнување. Како што кажал патронот на нашата црква свети Климент Охридски: Воздигнувањето е престигнување во добрина, рече Иванов.
Значи, посочи Иванов, да бидеме добри граѓани, добри родители, добри деца, да шириме добрина околу нас, затоа што овие моменти најмногу ни треба она што го посакува и Велигден - меѓусебе да си простуваме и да се обединуваме.
- Ни останува да ја сакаме Македонија, затоа што во духот на нашата традиција треба да го сакаме тоа што го имаме, а не тоа што го немаме. Затоа посакувам таа љубов кон Македонија да им ја пренесеме и на сите наши потомци и на вакви моменти да се потсетуваме што се сме дале да ја имаме оваа држава и да си ја чуваме, додаде Иванов.
На Велигденската воскресна литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ присуствуваа и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска, како и голем број верници.
Ново на Сител
-
Пет месеци од трагедијата во Кочани, 18-ти по ред „Марш на ангелите“
-
Тема на денот со Тони Менкиноски
-
Пратениците од ДУИ гласаа против измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Средбата Трамп-Путин заврши без договор за прекин на руско-украинската војна
-
Цела ноќ битка со стихиите кај Јажинце, денеска критично и кај Јасен
-
Славески: Без јасна поделба на универзитетите секое следно рангирање ќе носи фрустрации, не решенија
-
Кога студентите ќе ги добијат ваучерите од 250 евра за електронски уреди?
-
Проблемот со струшката депонија пред судот во Стразбур