Иванов на Кран Монтана ќе зборува за глобалните закани по безбедноста и тероризмот
Глобалните закани за безбедноста и тероризам, меѓународната и регионалната соработка и превенција од конфликти како и одговорот на прашањето за заканите врз меѓународниот бизнис е темата со која денеска ќе биде отворен Форумот Кран Монтана, а на која свое обраќање ќе има претседателот Ѓорге Иванов.
Како што јави известувачот на МИА од Женева, се очекува Иванов да се осврне на светскиот и особено на одговорот на Европската унија на предизвиците во безбедноста и тероризмот.
Предвидено е денеска Иванов да има средба со генералниот директор на ОН во Женева Мајкл Милер и да ја посети Школата за дипломатија и меѓународни односи во Женева.
Шефот на државата се очекува утре да се обрати и на специјалната пленарна сесија на тема „Западниот Балкан како нова рута на мигрантите кон Западот“.
Претседателот Иванов ќе има средба и со високиот комесар за човекови права на ОН Зеид Ра’ад Ал Хусеин.
Темите на дискусија на годинашниот форум Кран Монтана се фокусирани на мигрантската криза, глобалната безбедност, заканите од организиран меѓународен криминал, екстремизам и радикализам.
Форумот „Кран Монтана“ е основан во 1986 година со цел да обезбеди широка меѓународна соработка и поврзување на економските чинители на светско ниво, како и да придонесе кон глобалниот економски раст, воедно обезбедувајќи стабилност, еднаквост и безбедност. Активностите и настаните во рамки на Форумот се насочени кон создавање платформи кои ќе им овозможат на политичките и бизнис лидери да ги имплементираат своите стратегии, да ги зајакнуваат партнерствата и да развиваат нови можности за соработка. Форумот тесно соработува со меѓународни институционални партнери, како агенциите на Обединетите нации, Европската унија и Советот на Европа.
За личен придонес и активностите и достигнувањата во сите општествени области, како и за посветеноста во одбрана на фундаменталните слободи, организаторите на форумот „Кран Монтана“ во 2014 година на претседателот Иванов му ја доделија специјалната „Награда на Фондацијата“.
Ново на Сител
-
Правда мора да има - протест за загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-
Помалку шетање по шалтерите во основните судови – и онлајн може да си извадите документ дека сте неосудуван
-
Исплатени субвенции за тутунот
-
Во Прилеп, Кривогаштани и Долнени започна услугата „Mедицинска сестра во заедницата“ – прва од ваков вид во Македонија
-
Колку од плажите ќе обезбедат спасители
-
Погребан папата Франциск – илјадници верници и државници му оддадоа последна почит
-
Истрагата за Димитровска е силен удар за угледот на Антикорупциска, велат познавачите
-
Tема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ