Иванов на аудиенција кај папата Францис

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во Ватикан ќе има аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, неговата светост папата Францис, а ќе оствари средба и со државниот секретар на Светиот престол, кардиналот Пјетро Паролин.
На аудиенцијата како дел од државно - црковната делегација предводена од претседателот Иванов, ќе присуствува и министерот за надворешни работи Никола Попоски, кој ќе гопридружува Иванов на средбата со кардиналот Паролин во Апостолската палата.
Во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“ Иванов вчера ја посети базиликата „Свети Климент" во Рим каде положи венец на гробот на Св. Кирил.
Македонскиот претседател ја посети и базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде на негова иницијата во знак на благодарност од името на целиот македонски народ во 2015 година беше поставена спомен плоча на македонски јазик во чест на словенските просветители, браќата Св. Кирил и Методиј. Иванов ја посети и базиликата „Сан Паоло", каде положи цвеќе на гробот на апостолот Св. Павле.
Ново на Сител
-

Прво финале за Алкараз на Австралија опен
-

Светската здравствена организација бара оданочување на слатките и алкохолните пијалаци
-

Мицкоски: За минималната плата мораме да постапуваме според закон, ќе има зголемување и нивелирање
-

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Изгласана Резолуцијата за затворање на постмониторинг дијалогот со Македонија од страна на ПССЕ
-

Рекорден снег во Москва - над 60 см по 32 години | ВИДЕО
-

Во битолската Зоолошка градина пцовиса нилскиот коњ Берта
-

Натпревари за „големото“ финале на Европското првенство во ракомет
