Тошковски: Се уште од МВР до Владата не е доставена нова систематизација

Никогаш нема да дозволам да се загрози безбедноста во ниту еден град во Македонија со поставување, разрешување, додавање, одземање или какви било друго реорганзирање на внатрашните структури на МВР, порача денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Одговорајќи на пратенилко прашање, Тошковски истакна дека во изминатите речиси две години безбедноста на граѓаните е многу подобена, особено ако се земат предвид бројките за вкупен кримианлитет кои, како што напомена, се најдобри во последните 20 години.
Министерот информира и дека се уште од МВР до Владата не е доставена нова систематизација.
-Полициските станици во Дебар, Струмица, Штип, Сарај, Илинден ќе работат според закон и систематизација. Нова систематизација се уште не е предложена до Владата од МВР и Владата нема усвоено нова систматизација за работењето на МВР. Откако ќе биде изготвена нова систематизација од страна на службите во МВР, ќе биде предложена до Владата и Владата кога ќе ја усвои, ќе продолжиме да ја имплементираме. Се што сторивме изминатите 1,5 - 2 години зборуваат дека безбедноста на гараѓаните е далеку подобена во споредба со претходно, особено ако се земат предвид бројките за вкупен кримианлитет. Бројките се најдобри во последните 20 години, подвлече Тошковски.
МИА
Ново на Сител
-

Приведени двајца турски државјани поради криумчарење мигранти
-

Данска го совлада Исланд за финале против Германија
-

Министерството за правда на САД објави нови досиеја за Епстин, вклучувајќи 3 милиони документи и слики
-

Најмалку 12 Палестинци загинаа во израелски напади во Газа
-

Најстудено на Попова Шапка, на места утринските температури под нула
-

„Транспаренси Интернешнл“: 14 европратеници не го пријавиле износот на дополнителните приходи
-

Македонските ракометари го добиваат ривалот за баражот за Светското првенство 2027
-

Писториус: На САД им е потребна Европа
