Иванов ги прими акредитивите на амбасадорите на Емирати и Бангладеш
Претседателот Ѓорге Иванов денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Обединетите Арапски Емирати и на Народна Република Бангладеш за Република Македонија.
На средбата со новоименуваниот амбасадор на ОАР за Македонија со седиште во Рим, Сагер Насер Алраиси, претседателот Иванов, како што соопшти неговиот Кабинет, изразил уверување дека во периодот што следува ќе се изнајдат нови форми за содржинско збогатување на билатералната соработка во повеќе области од заеднички интерес.
Претседателот Иванов изразил задоволство од досегашните договори за соработка кои претставуваат подлога за интензивирање на економската соработка и привлекувањето инвестиции кои ќе бидат од заеднички бенефит и за двете земји. Амбасадорот на ОАЕ, Алраиси изразил подготвеност за унапредување на соработката во повеќе области, особено во областа на трговската размена, научната и технолошката соработка, како и соработката во областа на земјоделството и туризмот.
Македонскиот претседател на средбата со новоименуваниот амбасадор на НР Бангладеш за Македонија со седиште во Мадрид, Хасан Махмуд Кандкер изразил очекување за развој и унапредување на меѓусебните односи на двете земји, со посебен интерес за интензивирање на соработката во сферата на економијата. Истакнувајќи ги глобалните предизвици, со акцент на терористичките напади што го потресуваат светот, претседателот Иванов изразил длабоко сочувство кон граѓаните на Бангладеш по повод неодамнешниот терористички напад. - Само со максимална соработка и придонес во борбата против тероризмот можеме да изградиме мир и стабилност, подвлекол претседателот Иванов.
Македонскиот претседател на новоименуваните амбасадори им посакал успех во вршењето на одговорната дипломатска должност.
Ново на Сител
-
Уапсен поранешниот директор на затворот Шутка, Филип Андов-Сокол
-
31 лице и 5 фирми ќе одговараат за криминали во ЕСМ
-
ФФМ призна дека ФК Силекс е елиминиран од судиите
-
ИЈЗ: Годинава има најмногу болни од грип – наредниот период се очекува намалување на активноста на вирусот
-
Тутунарите незадоволни од понудените цени за новата реколта, бараат 510, добија само 420 денари
-
Стармер кај Трамп на разговори за војната во Украина
-
Приведен поранешниот директор на затворот Шутка, Филип Андов-Сокол
-
Пратенички прашања во Собранието