Иванка се породи: Tрамп доби наследник, но поради неговото име ќе се разочара
Корисниците на социјалните мрежи дебатираат околу тоа дека дедо Трамп баш и нема да биде воодушевен од името на својот внук.
Најстарата ќерка на кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп, Иванка Трамп (33) и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер (34) вo неделата попладне го добија своето трето дете.
Иванка на својот профил на Твитер објави фотографија со својот мал наследник на кој со сопругот му го дале името Теодор Џејмс Кушнер.
- Бебето Теодор. Моето срце е полно - напишала убавата бизнисменка под фотографијата.
Според напишаното, името на бебето ќе биде Теодор, што многумина го поврзаа со името на противникот Тед Круз. Како што се пишува на социјалните мрежи, бебето најверојатно ќе го викат Тед скратено од Теодор, па ова веројатно нема многу да му се допадне на Трамп.
Славната двојка веќе ја има четиригодишната ќерка Арабела и двегодишниот Џозеф.
Иванка е дете на Доналд Трамп (69) од неговиот прв брак со чешката манекенка и поранешна атлетичарка, Ивана Трамп (66).
Ново на Сител
-
Средба Силјановска - Радев утре во Софија
-
Сточарите не ги предаваат јагнињата во домашните кланици порадни ниските цени
-
Преглед на вестите од светот
-
Трамп воведе реципрочни тарифи – светот стравува од глобална рецесија
-
Директните ефекти од царините на Трамп ќе бидат мали, но ќе се одразат врз македонската економија
-
Средба Мицкоски - Филипче
-
Опозциските прашања со обвинувања до власта за трагедијата во Кочани
-
Семејствата на жртвите од модуларната болница бараат обнова на истрагата