Италијанскиот премиер Матео Ренци поднесе оставка
Италијанскиот премиер Матео Ренци синоќа поднесе оставка, соопшти Канцеларијата на претседателот на Италија Серџо Матарела.
Ренци оставката му ја предаде на претседателот, кој го замоли да остане на чело на преодната Vлада додека траат консултациите со партиите.
Консултациите ќе почнат денеска попладне и би требало да завршат во сабота попладне.
По консултациите се очекува Матарела да побара од некој член од Кабинетот на Ренци или политичар од неговата Демократска партија да се обиде да формира нова влада.
Парламентарните избори во Италија би требало да се одржат во 2018 година, но многумина политичари се залагаат за предвремени избори.
Ренци оставката ја најави вчера непосредно откако италијанскиот Парламент го усвои Буџетот за 2017 година.
Тој во понеделникот вечерта му понуди оставка на претседателот по поразот, кој го претрпе во неделата на референдумот за уставните промени, што ги предложи.
Ново на Сител
-
МВР: Амбер Алерт Европа стартува со кампања низ цела Европа со совети како да се постапи во случај на исчезнато дете
-
Тошковски: Дивиот забавен парк кај Борис Трајковски ќе биде затворен и отстранет
-
Сообраќајна несреќа кај Росоман
-
Анкета: Нова демократија со двојно поголема предност пред СИРИЗА во пресрет на европските избори
-
За прв пат во историјата Јувентус не загуби натпревар од Серија А, во кој заостануваше со три гола
-
Си Џинпинг и го честита на Сиљановска Давкова изборот за претседател
-
Денеска ќе се одржат погребни ритуали за претседателот на Иран
-
Падна и член на Советот на јавни обвинители, Мемети осомничен за поткупот во случајот на Боро Малборо