Италијанскиот министер за надворешни работи пристигна во посета на Либија
Италијанскиот министер за надворешни работи Паоло Џентилони пристигна денеска во посета на Триполи.
Ова е прва посета на западен висок функционер на либискиот главен град од судирите во летото 2014 година.
Џентилони пристигна на летиштето Митига со специјален лет и беше печекан од вицепремиерот на Владата на национално единство Ахмад Мејтиг.
Италијанскиот министер за надворешни работи се сретна со премиерот на либиската Влда на национално единство Фајез Сараџ.
- Одлучни сме да ја поддржиме новата Влада и претседателскиот Совет, рече Џентилони по разговорот со Сараџ
Италијанскиот министер за надворешни работи изјави дека многу негови колеги исто така ќе ја посетат Либија во блиска иднина.
Џентилони посочи дека првата негова порака за време на посетата, која ќе ја пренесат и неговите колеги е дека либиската Влада и народот треба да ги раководат активностите против Исламска држава.
- Западот е подготвен да соработува со либискиот народ и Владата, додаде тој.
Италијанскиот министер за надворешни работи изјави и дека се разгледува прашањето за повторно отварање на западните дипломатски мисии во Триполи.
Ново на Сител
-
Таравари: Ние не сме чамец за спасување
-
Прв етимолошки речник во македонскиот јазик
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, Транспаренси Интернешнл Македонија
-
Партнерот на Рамајана ја убил пред 5-годишната ќерка
-
Пред утрешната средба, Мицкоски бара Таравари јасно да каже дали соработува со Ахмети
-
Мицкоски и Филипче го повикаа Ахмети да се повлече од идеите за дестабилизација
-
Мицкоски: Имаше обид за инженеринг за вистината за Делчев