Италијански шахист мамел на турнир со помош на Морзеовата азбука
Италијанскиот шахист Арканџело Рикарди (37) е исклучен од учеството на еден угледен шаховски турнир во Италија, откако било откриено дека мами во текот на играта, со помош на минијатурна камера и знаците од Мозеовата азбука.
На судиите на турнирот, Рикарди им станал сомнителен кога забележиле дека Италијанецот, кој е рангиран на 51,366 место во светскиот шах, почнал лесно да победува натпреварувачи кои се многу поквалитетни и повисоко рангирани од него.
Сомнежот прво се јавил поради „крајно необичниот начин на игра“ на Рикарди, кој постојано едната рака ја држел под едната мишка, а потоа и со неговото постојано трепакање со очните капаци.
Судиите и организаторите на турнирот побарале од него да ја откопча кошулата, а кога одбил го натерале да помине низ детекторот за метал, кој веднаш регистрирал дека „има нешто“ околу неговото раме.
При претрест била откриена специјална електронска направа и минијатурна камера, кои биле поврзани со компјутер на еден негов помошник, програмиран за шаховската игра. Камерата насочена во шаховската табла го пренесувала распоредот на фигурите, а по анализата на компјутерот, назад добивал информации за најдобриот потег со помош на знаците на Морзеовата азбука.
Главниот судија на турнирот за италијанскиот весник „Стампа“ изјави дека шахистот Рикарди од почетокот бил сомнителен, затоа што играчи како него се редовно сомнителни кога прават изненадувачки успеси и влечат потези кои не се рамни на нивната категорија.
Судијата признава дека бил мошне изнандена кога сфатил дека трепкањето со очните капаци, практично било дешифрирање на морзеовите знаци.
Инцидентот со мамење во Италија доаѓа само пет месеци по таков случај на турнир во Москва, кога еден шаховски велемајствор мамел во играта со помош на паметен мобилен телефон.
Телефонот бил оставен во една од кабините на тоалетните простории, завиткан во тоалет хартија. Тој станал сомнителен кога почнал да оди во тоалетот на секои 10-15 минути и тоа само во една иста кабина.
Ново на Сител
-
Муцунски за Atlantic Council: Одлуките донесени во Хаг ќе имаат позитивни историски последици за идните генерации
-
Разбојничка кражба во фризерски салон во Битола, осомничениот во бегство
-
Скопје домаќин на лидерската средба ЕУ - Западен Балкан
-
Аракчи: Трамп мора да престане со непочитување кон Хамнеи доколку искрено сака нуклеарен договор со Иран
-
И покрај забраната, се очекуваат десетици илјади учесници на Парадата на гордоста во Будимпешта
-
Турција и Романија победници на Балканијадата во одбојка на песок во Тетово
-
Во Србија одбележуваат Видовден - Владата на централна прослава во Крушевац, студенти на протести
-
Стапува во сила Европскиот закон за пристапност за лицата со попреченост