Италијански сеизмолог: Можни и нови потреси
Земјотресите кои ја погодија централна Италија во изминатите два месеца може да продолжат со катастрофален „домино ефект“ во кој еден земјотрес води кон друг долж средишните Апенини, предупреди денеска Џанлука Валенсизе, италијански сеизмолог.
Тој изјави дека постои „геодинамична врска“ меѓу катастрофалниот земјотрес од август и сите останати што следувале.
– Тој процес може да продолжи во недоглед при што еден голем земјотрес го ослабува сестринскиот расед во домино процес што може да опфати стотици километри, објаснува Валенсизе, сеизмолог во Националниот институ за геофизика и вулканологија.
Апенинските планини кои се од регионот Лигурија на северозапад до јужниот остров Сицилија полни се со раседи во земјината кора од кои секој во просек е долг од 10 до 20 км.
Денешниот земјотрес со интензитет од 6,6 по Рихтер не однесе живот, но во потресот од 24 свгуст (6,2 по Рихтер) загинаа 297 луѓе. Во меѓувреме беа регистрирани помали потреси од кои во средата земјотрес со интензитет од 6,1 степен.
Ново на Сител
-
Ангелов: Пожарот во Трубарево е изгаснат, но има силно чадење, ноќеска повторно гореше и во „Дрисла“
-
Тошковски: Нема радијациско зрачење од пожарот во Трубарево, а над 400 метри од центарот на жариштето не е измерена загаденост
-
Илјадници Американци му оддаваат почит на убиениот Чарли Кирк
-
Експлозив поставен пред хотел во Драч, полицијата изврши контролирана експлозија
-
Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност
-
Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд
-
Приведен управителот, управувачкиот комитет за кризи заседава во МВР
-
Орбан: Европа под водство на Фон дер Лајен оди кон провалија