Италија и Либија постигнаа договор за прекин на миграцискиот бран
Италија и Либија постигнаа договор за прекин на миграцискиот бран, пренесе БТА.
Италијанскиот премиер Паоло Џентилони соопшти по вчерашната средба во Рим со либискиот колега Фајез ал Сараџ дека двете земји потпишале меморандум за разбирање за зајакнување на соработката и за борба против трговијата со мигранти.
Договорот предвидува, главно, обезбедување на обука и опрема со цел поефикасна контрола на долгите граници на Либија во пустината и зајакнување на крајбрежната стража на земјата, која во моментов има ограничен број пловила.
Главниот миграциски поток од Африка кон Европа во моментов е токму од Либија кон Италија.
Сараџ предупреди дека обуката на либиската крајбрежна стража и обезбедување на повеќе помош нема да бидат доволни. Тој повика на „попрактични" европски механизми за поддршка на Либија.
Минатата година околу 181.000 мигранти пристигнаа од Северна Африка преку Средоземното Море во Италија. Околу 4.500 лица загинаа при ризичниот потфат.
Ново на Сител
-
Православните верници го слават празникот Успение на Пресвета Богородица
-
Премиерот во посета на РЕК Битола по повод Денот на рударите
-
Мицкоски: За една година го зголемивме двојно реалниот пораст на платите
-
Отворена е нова канцеларија за е-услуги во Свети Николе
-
Еврообврзница на почетокот на наредната година
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции