Истражување: Три дози од Фајзер штитат од сојот Омикрон, но четири пати помалку од Делта сојот
Израелските научници вчера објавија дека откриле дека тројната вакцина против коронавирус со вакцината на „Фајзер/БиоНТек“ обезбедува значителна заштита од нова варијанта на омикрон.
„Добрата вест е што со третата доза за 100 отсто се зголемува способноста за неутрализирање. Има значителна заштита со третата доза. Таа е пониска од способноста да се неутрализира делта варијантата, или за околу четири пати помала”, додаде таа.
Израелскиот тим соопшти дека работеле со жив вирус додека фармацевтските компании го користеле тоа што е познато како псевдовирус, кој има карактеристични омикронски мутации.
Израелското истражување следи по истражувањето од Јужна Африка кое покажа дека сојот омикрон може делумно да ја заобиколи заштитата што ја обезбедуваат две дози од вакцината.
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните резултати за изборите за претседател и за парламентарните избори
-
Се вратија старите цени на полисите за осигурување
-
Тема на денот со Joван Деспотовски, СДСМ
-
ДИК ќе ги соопшти првичните официјални резултати од претседателските и парламентарните избори
-
Први реакции од Бугарија и Грција по победата на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова
-
Скромно одбележување на Денот на Европа во неискосениот владин двор
-
Избори 2024: Обработени 100% од гласовите
-
Прелиминарен извештај на ОБСЕ и ОДИХР