Истражување: Луѓето што пцујат имаат побогат вокабулар
Навиките на луѓето многу повеќе говорат за нивата интелегенција, отколку што досега се веруваше, се наведува во едно истражување објавено во часописот „Ленгвиџ Сајнс Џурнал“.
Така, истражувањето покажало дека луѓето кои почесто употребуваат пцости имаат многу побогат вокубулар од оние кои поретко пцујат, објави лондонскиот весник „Индепендент“.
- Кога се пцостите во прашање, вообичаена претпоставка е дека луѓето кои пцујат се мрзеливи, необразовани, немаат соодветен вокабулар и не можат да се контролираат. Но, луѓето кои почесто користат „забранети зборови“ ја разбираат нивната општа изразувачка содржина и суптилните разлики меѓу нив, наведуваат авторите на истражувањето.
Според нив, способноста да се воочуваат малите динстинкции меѓу пцостите, се доказ за поголемо лингвистичко знаење, односно за побогат вокабулар.
Ново на Сител
-
Трговците разочарани, за ССМ и ОПМ владините мерки кои ќе ја поевтинат храната, се добри
-
Коцевски: Ако јас имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април
-
Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-
СДСМ бара власта да ги прифати нивните мерки
-
Коцевски: Ако имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Новите камери на Сејф сити ќе регистрираат прекршоци од 1 јануари следната година
-
Се замрзнува цената на дел од основните производи