-->
-->
Истражна постапка за лицето кое во сообраќајка кај Слупчане усмрти човек
-->

Поведена е истражна постапка против 21-годишниот жител на Липково кој синоќа, на локалниот пат, возејќи со голема брзина, удрил во двајца пешаци, сопружници, усмртувајќи го мажот (39) и нанесувајќи и повреди на жената.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово со екипа од Министерството за внатрешни работи вчера вечерта изврши увид на местото каде се случи сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице.
Како што соопшти денеска Јавното обвинителство на РМ, несреќата се случила околу 21:30 часот на локалниот пат кој води кон село Слупчане. Осомничениот, 21-годишен жител од Липково, се движел со возило БМВ со кумановски регистарски таблички, кое го управувал без да поседува возачка дозвола. Возејќи со брзина поголема од дозволената, осомничениот удрил директно во двајцата сопружници.
Јавниот обвинител нареди сообраќајно техничко вештачење на возилото, како и прибирање траги од местото на несреќата. Дадена е и Наредба за вршење обдукција на телото на починатиот.
Обвинителството ги презема потребните дејства за утврдување на фактите во предметот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

ОЈО Скопје и МВР поднесоа кривична пријава за екс директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство
-

Критична состојбата на текстилните работнички кои возрасни остануват без работа
-

Преглед на вестите од светот
-

Директорот на Комунална си поднесе оставка, тој и реководителот за отпад добија 30 дневен притвор
-

Предизборни активности на ВМРО-ДПМНЕ пред вториот круг избори
-

Директорот на Комунална си поднесе оставка, судот му одреди 30 дневен притвор на него и на раководителот на секторот за отпад
-

Тема на денот со Дејан Митески, кандидат за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ во Општина Аеродром
