Истрага за сообраќајна несреќа во Чаир во која има едно лице повредено
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 1 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.
На 9 мај, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, осомничениот по улицата “Џон Кенеди” управувал автомобил “Рено модус”, но не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и ги довел во опасност луѓето.
Непочитувајќи ги надолжните ознаки на коловозот, односно надолжно обележана удвоена бела полна линија, со возилото свртел во лево, без претходно да се увери дека тоа може да го направи без опасност по другите учесници во сообраќајот или по имотот. Притоа, не водел сметка за положбата, правецот и за брзината на движењето на возилото, со што преминал на дел од коловозот наменет за движење на возилата од спротивната насока и во него удрил мотоцикл „БМВ“ кој се движел по левата сообраќајна лента.
Од ударот мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и е хоспитализиран.
Со цел обезбедување на осомничениот во текот на постапката, јавниот обвинител на Судот му предложи да определи мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живелиште односно престојувалиште, обврска на осомничениот да се јавува повремено на одредено службено лице, привремено одземање на патна исправа за преминување на државна граница, како и одземање на возачка дозвола, односно забрана за нејзино издавање.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Зеленски – папата Лав XIV
-
Притвор за албански државјанин, извршил полов напад врз своја сонародничка во Дебар
-
Завршни зборови во повторениот судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово, пресудата на 16 мај
-
Битолчанка со измама добила лична карта и трансакциска сметка од друго лице, и на негово име подигнала брз кредит
-
Приведен кавадарчанец, возел со 2,52 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода
-
Возеле 160 на место каде што е дозволено 80, уапсени четири лица во гостиварско
-
Променливо и нестабилно време со повремен дожд и во наредните денови
-
Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат