Истрага за обид за убиство во Струмица
Основното јавно обвинителство Струмица донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица, на возраст од 32 и 31 година. Првиот е осомничен за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик, а вториот е осомничен за поттикнување да го изврши делото.
Како што информира Jавното обвинителство, на 17 јули во раните утрински часови, во магацински простории на дискотека во Струмица, првоосомничениот со намера се обидел да лиши од живот две лица, а второосомничениот со умисла го поттикнал да го стори кривичното дело.
По претходна вербална расправија меѓу второосомничениот и еден од оштетените, двајцата осомничени дошле во магацинските простории на дискотеката. Првоосомничениот во рака држел пиштол марка ЦЗ ВЗОР 50 со кој се заканувал, додека второосмничениот му упатил удар со бокс на еден од оштетените.
Започнале меѓусебно да се борат и паднале на земја, по што првоосомничениот се обидел да испука со пиштолот во оштетените, додека второосомничениот за цело време го охрабрувал да пука. Едниот од оштетените станал и почнал да бега. Кога првоосомничениот почнал да го репетира пиштолот и да нишани кон вториот оштетен, бил совладан од сведок на настанот и пиштолот му бил одземен.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор на осомничените. Предлогот е прифатен, а Основниот суд во Струмица на осомничените им определи притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција Сите за правично судење
-

Глувци шетаат на таванот во тоалетот на студентскиот дом “Пелагонија”
-

Преглед на вестите од светот
-

Кривична пријава за Блерим Беџети за градба во Сарај, тој вели се врши политички прогон врз него
-

СДСМ: Дали во случајот со ИПАРД е вмешан и премиерот?
-

„Почекајте ќе видите“ - вели Мицкоски
-

Мицкоски без детали од разговорите за реконструкција на Владата
-

Александар Трајановски ќе биде нов потпретседател на СДСМ, Филипче обвинува и за економски колапс на државата
