Истрага против дилер на марихуана од Радовиш

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на Радовиш за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот, во период од неколку месеци, од непознато лице набавил 80 пакувања марихуана со вкупна нето маса од околу 400 грама, која ја држел во гаража пред зградата во која живее. Од октомври 2024 до април 2025 година дрогата неовластено ја препродавал на наркозависници. При извршениот претрес на 17 април во гаражата биле откриени 36 пакувања со вкупно 180 грама марихуана наменети за натамошна продажба.
Јавниот обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, за осомничениот предложи да биде определена мерка притвор.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Борис Кондарко, претседател на Државната изборна комисија
-

Изборен молк
-

Гласаат изнемоштени, болни и затвореници
-

Цеца на концерт во Велес развеа бугарско знаме
-

Бугарија забрани извоз на нафта, Македонија нема да биде погодена од ваквата мерка
-

Македонски Каритас преку проект ги мотивира младите за кариерен развој
-

Дневно во Клиниката „Козле“ имаат по 150 прегледи на болни деца
-

Рапиден раст на бројот на пациентите со мозочен удар
