-->
-->
Исполнето ветување, најдобрите студенти пристигнаа во Барселона
-->

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски на својот Фејсбук профил објави дека 25-те студенти од првите три најдобро рангирани универзитети во земјава – Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Универзитетот “Гоце Делчев“ – Штип и Универзитетот на Југоисточна Европа, пристигнаа во Барселона.
Студентите ја одбраа оваа дестинација во рамки на владината стимулативно – наградна мерка за студентите кои имаат просек над 9,5.
-Освен авионскиот превоз, бесплатен им е и тридневниот хотелски престој и исхрана. Мерката која ја најавивме кон крајот на минатата година, денес е уште едно исполнето ветување! Им посакувам убави моменти, објави Ристовски.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Синдикатот на Клинички не се согласува со најавите на министерот за прераспределба на медицински персонал
-

Бесплатни wi-fi зони на Филолошкиот факултет, Универзитетот „Мајка Тереза“ доби нов чет бот
-

Годинава во Македонија регистрирани се 38 нови случаи со ХИВ/СИДА
-

Поради градежни активности Гостивар остана без вода
-

Преглед на вестите од светот
-

Протест на пензионерите пред Уставен
-

Почнаа да снимаат камерите - казни од следниот месец
-

Реформската агенда и Берлинскиот процес на дебата во Собранието
