Исламист застрелан во Берлин поради напад врз полицајка
Припадник на германската полиција денеска во Берлин застрелаа еден маж, суден поради поврзаност со исламистички групи, откако со нож нападнал полицајка, јави ДПА.
Како што соопшти портпаролот на берлинската полиција, органите на редот биле информирани дека маж вооужен со нож им се заканувал на минувачите во берлинскиот кварт Шпандау.
Кога двајца полицајци дошле на местото, мажот ја нападнал полицајката нанесувајќи и повреди со ножот, по што нејзиниот колега пукал во него и го застрелал.
Веднаш по инцидентот повредената полицајка е пренесена со хеликоптер во болница.
Полицијата го идентификувала напаѓачот како 41-годишен Ирачанец, кој живее во Германија од 1994 година. Тој бил поврзан со исламистички групи, поради што во 2008 година суд во Штутгард го осудил на затворска казна поради членство во терористичка организација.
По излегувањето од затвор во 2013 година, тој се преселил во Берлин. Тој морал да носи електронска ракавица за негово лоцирање, која ја извадил пред да го изврши денешниот напад.
Мотивите за нападот не се познати.
Ново на Сител
-
Манасиевски: Од левичари и глумење скромност до деловни објекти во центарот на Скопје
-
Правда мора да има - протест за загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-
Помалку шетање по шалтерите во основните судови – и онлајн може да си извадите документ дека сте неосудуван
-
Исплатени субвенции за тутунот
-
Во Прилеп, Кривогаштани и Долнени започна услугата „Mедицинска сестра во заедницата“ – прва од ваков вид во Македонија
-
Колку од плажите ќе обезбедат спасители
-
Погребан папата Франциск – илјадници верници и државници му оддадоа последна почит
-
Истрагата за Димитровска е силен удар за угледот на Антикорупциска, велат познавачите