-->
-->
Искачување на Голем Кораб, посветено на пациентите со ретки болести
-->
Традиционално искачување на највисокиот врв во Македонија - Голем Кораб ќе се одржи денеска во организација на ЗПК Кораб, кој на врвот ќе го постави знамето на Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“.
Од Здружението информираат дека ја продолжуваат традицијата на учество во искачувањето на Голем Кораб, кое се одржува по повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија.
Поставувањето на знамето на Кораб, според Здружението, е симболична активност која се одржува за подигнување на јавната свест во однос на ретките болести во Македонија и предизвиците со кои се соочуваат луѓето со ретки болести и нивните семејства во секојдневниот живот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ново судење за убиставата на Вања и Панче
-
Дали е потребен закон за Уставен суд?
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Отворен меѓународен тендер за изградба на интерконекција меѓу Македонија и Албанија
-
Треба да се работи на патната инфраструктура
-
Во општина Василево формирано доброволно противпожарно друштво
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции