Македонија
31. March 2016 - 12:34

Исчистено зеленилото на улицата „Лазар Личеновски“

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ и ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве ги чистеа зелените јавни површини на улицата „Лазар Личеновски“, на потегот од Американска амбасада до новиот објект на Град Скопје, како и кејот на реката Вардар пред објектот.

Како што инфомрираат од Град Скопје, работниците ја чистеа нискостеблестата вегетација на кејот на Вардар и го собираа отпадот од тревните површини. Исто така, ги чистеа тревните површини и вегатацијата на двете страни на улицата „Лазар Личеновски“.

- Во текот на чистењето се отстранети шест камиони со искорната нискостеблеста вегетација и три камиони со градежен отпад, шут и кабаст отпад, соопшти Град Скопје.