Исчистени коритата на Брегалница и Лакавица во Општина Штип
Општина Штип заврши со чистење на коритата на реките Брегалница и Лакавица.
Како што информира денеска раководителот на Одделението за инспекциски надзор Тоше Ѓорѓиев, со акцијата беа опфатени околу пет километри долж коритата.
- Се извадија средореците и падната маса која го попречува нормалното одводнување на Брегалница, особено при зголемување на водостојот. Се средија целото нејзино корито и критичните места на Лакавица. При доаѓање на големи води нема да имаме проблеми со излевање од коритата, рече Ѓорѓиев.
Според него, при поголеми водостои на реките, акциите за чистење придонесуваат за заштитата на имотите на граѓаните кои се покрај речните корита.
- Изминатите седум до осум години, колку што трае владиниот проект за чистење, се покажа дека таму каде што речните корита се навреме исчистени и санирани, нема проблеми при надоаѓање на поголеми води и поплави, рече Ѓорѓиев.
Акцијата за чистење на двете речни корита чинеше еден милион денари, а Министерството за животна средина обезбеди 2.000 литри нафта.
Ново на Сител
-
Марш на ангелите во Кочани - болката се претвори во крик на очај
-
Тема на денот со Ана Ангелова Валпони, професор на Кингс Колеџ - Лондон
-
Марш на ангелите во Кочани
-
Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче
-
Првата група повредени се смести во центарот за рехабилитација на Пониква
-
Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1
-
21 јуни денот на Охридското езеро