Исчезна поранешниот синдикалец Оливер Стојановски, нема трага ни глас од него неколку дена

Поранешниот синдикалец Оливер Стојановски, кој пред еден месец учествуваше во сообраќајка возејќи возило на Министерството за одбрана исчезнат е веќе неколку дена- објави 24 Вести.
Семејството последен пат го видело во петокот во 8 часот наутро, а случајот е пријавен во полиција и во МО. Од МВР веќе трагаат по него.
Од министерството за одбрана каде е вработен Стојановски велат:
„Од случувањето на сообраќајната несреќа до денеска не се појавил на работа. Било доставено боледување со датум до 30 ноември, со најава дека ќе биде обезбедено продолжување на боледувањето. Претпоставените на Стојановски се обиделе да воспостават контакт со него но воопшто не било можно да се воспостави контакт на неговиот телефонски број. Од моментот кога МВР известила за неговото исчезнување, сите податоци кои МВР ги побарало за Оливер Стојановски, биле доставени од страна на неговите претпоставени.“
ТВ 24 дознава дека Стојановски имал здравствени проблеми
Оливер Стојановски пред еден месец направи сообраќајна несреќа со возило на министерството за одбрана кое било доделено на синдикатот, а тој не го вратил по заминувањето од претседателската функција. Министерството тогаш потврди дека возилото било управувано без патен налог, но даде одговор на прашањето зошто не го побарало возилото веднаш откако констатирале дека тој не го претставува репрезенаттивниот синдикат. Автомобилот со кој била направена несреќата се наоѓа во Тeхничко ремонтниот центар на АРМ, пишува 24 Вести.
Ново на Сител
-

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк - прв муслиман на функцијата
-

ЕК: Северна Македонија продолжи со реформите, но треба да ја финализира и подготовката за отворање на Кластерот „Основи вредности“
-

Тузла: Во пожар во Дом за пензионери загинаа 10 лица, меѓу повредените има и спасувачи
-

Разговорите со ЕУ се одолговлекуваат без договор за климатските цели
-

Автопатот Велес - Градско затворен за сообраќај, возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градско - Дреново
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

СВР Битола апелира битолчани да не наседнуваат на телефонски измами
-

ОЈО: Истрага за сообраќајната несреќа во која загина велосипедист
