Иса Мустафа: Тачи претседател
Косовскиот премиер Иса Мустафа,е одлучен до крај да го спроведе коалицискиот договор со некогашениот опонент а сега партнер, Демократската партија на Косово.
Тој договор предвидува наредната пролет лидерот на ДПК, Хашим Тачи, да се најде на чело на косовската држава. Независно од гласините, Мустафа, кој е лидер на Демократски сојуз на Косово, е одлучен дека тука нема друга алтернатива.
- Ветувам дека договорот ќе се испочитува. Нема никаква причина господинот Тачи да не биде претседател, бидејќи ние ќе ги обезбедиме потребните гласови, на тоа се заветивме, изјавил Мустафа.
Во врска со визната либерализција, Мустафа,вели дека сите критериуми се исполнети.
- Во оценките што беа дадени во септември имавме осум неисполнети критериуми од 95. Од септември до пред две недели имав секојдневни контакти со претставниците кои требаше да ги исполнат критериумите. Ќе имам уште една средба со претставниците на овие институции и ќе оцениме што е ост нато и до крајот на годинава се ќе биде во ред, гарантира Мустафа.
Според него досега нема извештај за ниту еден случај на корупција во некое Министертво и ја повика опозицијата доколку имаат сознанија за тоа да го пријават.
Ново на Сител
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје