Иранските ракети дизајнирани за да можат да го погодат Израел
Иранските балистички ракети со среден дострел се дизајнирани за да можат да погодат цели во Израел, изјави денеска командантот на ракетната единици на иранската Револуционерна гарда, откако беа тестирани две ракети.
- Причина поради која ги направивме нашите ракети со дострел од две илјади километри е за да можат од безбедна далечина да ги погодат нашите непријатели од ционистичкиот режим, изјави бригадниот генерал Амир Али Хаџизадех.
Тој се закани дека колку повеќе „непријалите ќе ги зајакнуваат санкциите, толку ќе биде пожесток одговорот“.
Двете ракети изутрината се истрелани во рамки на воените вежби од територијата на северниот дел на Иран и тие погодија цел во југоисточниот дел на земјата, оддалечена 1.400 километри.
Вашингтон во јануари воведе нови санкции против Иран поради неговата ракетна програма, набргу откако беа укинати санкциите, кои беа воведени во врска со иранската нуклеарна програма.
Ново на Сител
-
Мурал од Полска како вечен потсетник за поддршката на македонската ЕУ интеграција
-
Тема на денот со Имер Селмани
-
Фетаи и Алиу со ново крило во ВРЕДИ
-
ВМРО-ДПМНЕ го одби повикот на Филипче за лидерска средба
-
Креативна дипломатија во Виена!?
-
И покрај зголемените казни, пиротехника користена во спортска сала
-
ЕУ со хуманитарна трка за Кочани
-
Да не бидеме пасивни набљудувачи на врсничкото насилство