-->
-->
Ирански војник уби пет војници
-->
Ирански војник уби пет други војници, јави ДПА, повикувајќи се на државните медиуми.
Инцидентот се случил вчера во југоисточната провинција Керман. Војникот влегол во воена медицинска установа и застрелал пет војници. Убиецот потоа бил уапсен. Засега не се разјаснети неговите мотиви.
Ваквите инциденти во Иран се исклучително ретки, забележува ДПА.
Речиси 100 луѓе загинаа во двоен самоубиствен бомбашки напад во провинцијата Керман претходно оваа година. Одговорноста за нападот ја презеде џихадистичката група Исламска држава.
Неодамна напади беа извршени и во соседната провинција Систан и Балучистан. Овие напади предизвикаа дебати во Иран за безбедносната ситуација, јави ДПА.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Филипче: Граѓаните живеат се потешко
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
На полноќ почнува изборната кампања
-
Партиите најавуваат демократски процес
-
Петмина средношколци завршија на штипско инфективно поради труење со храна од сендвичара
-
Колку пациенти по скринингот во Трубарево биле на дополнителни прегледи на Пулмологија?
-
Осветен храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје
-
Вандализиран муралот на Мајка Тереза