Живот
12. March 2019 - 11:29

Иранец ја запроси девојката во трговски центар, па и им почна пекол: Наместо да слават, завршија во затвор

Една млада иранска двојка воопшто не сонуваше дека еден од најубавите моменти во животот ќе го платат со слободата.

Двојката е уапсена зошто се вериле пред луѓе во еден трговски центар. Кога снимката од ова јавно запросување се прошири на интернет, почнаа проблемите.

Како што може да се види, момчето ја запроси девојката и тие стоеја врз ливчиња од ружи. Кога жената рече „да“, тие двајцата се гушнаа додека насобраната маса воодушевено навиваше.

Меѓутоа, набрзо се уапсени зошто полицијата смета дека се прекршени исламските принципи. Мешањето меѓу половите и покажување јавно наклонетост строго е ограничено според исламските закони во Иран.


Махмуд Калаџи, заменик командант на провинцијата Маркази, изјави дека двојката е уапсена поради „барање на јавноста“. Тој рече дека се притворени поради „срамна постапка во јавноста, што била под влијание на дегенерираната западна култура“.

Калаџи додаде дека се пуштени со кауција.

Настанот предизвика дебата на социјалните мрежи и покрена прашање за сите поголеми ограничувања во општеството кои ги наметнува државата.

„Кутри луѓе, наместо да слават, сега мора да платат кауција“, гласеше еден од коментарите на Твитер.

„Тоа е смешно и наменето за камерите. Зошто да се прави спектакл од една приватна работа како што е брајот?“, напиша друг корисник, кој не се согласува со овој чин.

Ова не е првпат иранските закони за однесување во јавност да привлечат меѓународно влијание. Минатата година, политичар е уапсен, откако е снимен како танцува на еден настан во трговски центар.