Иран се закани дека каква било акција против него ќе наиде на сериозен одговор
Иран ќе одговори на какви било активности против неговите интереси, рече претседателот Ебрахим Раиси, еден ден откако Израел предупреди дека ќе одговори на нападот извршен од Техеран минатиот викенд со беспилотни летала и проектили.
„Категорично изјавуваме дека и најмалата акција против иранските интереси сигурно ќе наиде на сериозен, широк и болен одговор за секој сторител“, му рече Раиси на емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад ал Тани.
Началникот на израелската армија Херзи Халеви вчера изјави дека иранскиот напад врз Израел, како одмазда за бомбардирањето на иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април, бара одговор.
Иранскиот заменик-министер за надворешни работи Али Багери Кани изјави на државната телевизија доцна синоќа дека контраофанзивата на Техеран, по каков било израелски одговор, ќе дојде „во рок од неколку секунди, имајќи предвид дека Иран нема да чека 12 дена за да реагира“.
Ново на Сител
-
Парите од Британија ќе се позајмуваат кога ќе имаме готов проект, каматата ќе зависи од рочноста
-
Калас утре во Скопје, Мицкоски убеден дека ЕУ ќе најде решение за македонската интеграција
-
Зибери: Институциите не реагираат навремено на препораките на омбудсманот
-
Преглед на вестите од светот
-
Прес-конференција на Коцевски
-
Филипче: Со ново задолжување од 6 милијарди евра јавниот долг ќе надмине 115% од БДП
-
Предлогот Трајко Славески да биде гувернер е во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи
-
СДСМ: Предлогот Трајко Славески да биде Гувернер значи погребување на последната независна институција