Иран и Катар ја обновуваат поморската трговија по речиси петмесечна пауза

Поморската трговија помеѓу Иран и Катар е обновена по речиси петмесечна пауза, изјави денеска иранскиот трговски аташе во Доха, Абас Абдолхани.
Тој истакна дека бродскиот транспорт помеѓу иранското пристаниште Дајер и катарското пристаниште Ал Рувеис е обновен по координацијата меѓу Амбасадата на Иран во Доха и катарските власти.
Претходно, Министерството за транспорт на Катар објави дека земјата ги обновува сите поморски активности со непосреден ефект.
Со тоа се укинува привременото ограничување воведено на 29 јуни, со кое беа суспендирани едриличарските и рибарските бродови до понатамошно известување. Забраната не влијаеше на комерцијалниот транспорт.
Катарското Министерство за транспорт ги повика сите оператори и бродови да ги почитуваат важечките поморски правила и упатства за да се обезбеди безбедноста и сигурноста на морскиот сообраќај.
Катар не го образложи ограничувањата воведени кон крајот на јуни, но беше воведено еден ден откако властите соопштија дека катарски државјанин починал од повреди од шрапнели здобиени за време на „воените операции во регионот“.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Валдеси Уркиза, генерален секретар на Интерпол
-

Почна судењето за серискиот убиец од Драгоманце
-

Охриѓанец проголтал дрога сакајќи да ја сокрие од полицијата
-

Генералниот секретар на Интерпол: Северна Македонија е наш важен партнер во борбата со криминалот
-

Власта се уште без одговор од опозицијата за Изборниот законик
-

Функционери од ВЛЕН задржани на границата со Албанија, се бара објаснување од Тирана
-

Нема веќе организирање подарувања без дозвола и надомест од 100 евра
-

Можно е пак да има мерки за цените на горивата
