Ирак побара амбасадорката на Шведска да ја напушти земјата
Ирак побара од шведската амбасадорка Џесика Свардсторм да ја напушти земјата и го отповика својот вршител на работите во Шведска.
Одлуката е донесена откако претходно денеска ирачката влада ја предупреди Шведска дека ќе ги прекине билатералните дипломатски односи доколку дозволи да се запали Куранот на нејзина територија.
„Вчера ирачката влада ја информираше шведската влада преку дипломатски канали дека ќе има за цел да ги прекине дипломатските односи со Шведска во случај на палење на Куранот“, се вели во соопштението за печатот од кабинетот на премиерот по средбата со официјални претставници на безбедносните сили.
Шведската амбасада во Багдад беше запалена рано утринава за време на демонстрациите организирани од приврзаниците на верскиот лидер Моктад Садр.
Инцидентот, како што пренесуваат светските агенции, се случил пред протестот во Шведска, каде било планирано да се запали копија од Куранот. Околу 20 лица се приведени во Багдад.
Шведското Министерство за надворешни работи соопштува дека персоналот на амбасадата е безбеден.
Рацијата во Амбасадата во Багдад следи по одобрувањето на шведската полиција на денешниот митинг во Стокхолм.
Организатор е Салван Момика, ирачки бегалец во Шведска, кој планирал да запали копија од Куранот и ирачкото знаме пред ирачката амбасада.
Ново на Сител
-
Тројца пациенти од Штип се носат на клиниките во Скопје
-
Отворени телефонски линии за донации за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани
-
На кулата Белград им се оддава почит на жртвите во пожарот во дискотека во Кочани
-
Се бара краткотраен притвор за 10 лица, во дискотеката немало доволно ПП апарати и нема писмен договор меѓу организаторот и групата
-
Уште четворица пациенти транспортирани во Хрватска
-
Таравари: Вкупно 47 повредени ќе бидат хоспитализирани надвор од државата
-
Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши повикан на информативен разговор во полициска станица
-
ЕУ доби барање за помош од Скопје околу трагедијата во Кочани