Loading Video...
Свет
15. March 2025 - 16:44

Преглед на вестите од светот

Путин ќе мора да седне на маса, порано или подоцна, кажа британскиот премиер Кир Стармер на денешниот виртуелен состанок на светски лидери посветен на Украина. Стармер предупреди дека Путин не е сериозен во врска со мирот и не смее да му се дозволи да игра игри со предлогот на Трамп за прекин на огнот.

-„Ако Путин е сериозен за мир, тоа е многу едноставно. Тој мора да ги прекине своите варварски напади врз Украина и да се согласи на прекин на огнот, а светот гледа. И моето чувство е дека порано или подоцна тој ќе мора да дојде на маса и да се вклучи во сериозна дискусија“, вели Кир Стармер, премиер на Велика Британија.

Британскиот премиер ги повика сојузниците да и понудат безбедносни гаранции на Украина. Денешниот состанок е во рамки на собирите на така нарешената коалиција на подготвените која Стармер ја најави при посетата на европски лидери на Лондон.

Поради голем дефект на националната електромрежа, речиси цела Куба остана без електрична енергија. Милиони ќуѓе останаа во темнина а како што соопштија од Министерството за енергетика, откажала трафостаницата во главниот град што довело до исклучување на струјата во поголем дел од западна Куба како и Хавана.

„Не знам што се случи, не знам каква е состојбата во државата во моментов, состојбата со нафтата, ситуацијата со не знам што, ми се чини дека тука недостигаат многу работи кои немаат врска со блокада или нафта или било што, вели жител на Куба. .

Повеќечасовни прекини на струја веќе станаа секојдневие за Кубанците кои покрај тоа, се соочуваат и со сериозен недостиг на храна, лекови и вода.

Убиен е лидерот на Исламската држава во Ирак и Сирија, познат како Абу Кадија. Бил убиен за време на операцијата на ирачката национална разузнавачка служба со коалиционите сили предводени од САД. Абу Кадија бил заменик калиф на милитантната група и опишан како еден од најопасните светски теорристи. И Американскиот претседател Доналд Трампа синоќа напиша дека е убиен пребегнатиот лидер На ИСИС во Ирак.