Ирачките шиитски борци планираат офанзива во Сирија
Коалицијата на ирачките шиитски паравоени групи Народна мобилизација, која ја има поддршката на Иран, денеска најави дека откако „ќе го исчистат“ Ирак од припадниците на џихадистичката група Исламска држава (ИД), планираат да преминат на територијата на Сирија и да се борат на страната на силите лојални на сирискиот претседател Башар ел Асад.
- Откако ќе ја исчистиме нашата теритоија од терористичките банди, подготвени сме да одиме на кое било место за да се бориме против секоја закана за националната безбедност на Ирак, изјави на прес-конференција во Багдад портапролот на коалицијата Народна мобилизација, Ахмед ал-Асади.
Борците на Народната мобилизација веќе се вклучени во операцијата на ирачката армија за потиснување на ИД од Мосул, а дел од нив денеска започнаа и офанзива за преземање на градот Тал Афар од џихадистите.
Тал Афар се наоѓа западно од Мосул и евенталното негово преземања од страна на шиитските паравоени групи, ќе ја прекине врската на ИД во Ирак со териториите под нејзина контрола во Сирија.
Низ Тал Афар минува главната сообраќајница меѓу Мосул и сирискиот град Рака, кој важи се престолнина на т.н. Исламски Калифат што го прогласи ИД.
Ново на Сител
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива
-
Каде ќе завршат гласовите за Османи и Таравари во вториот круг - одлука ќе се носи во следните денови
-
Парламентарни избори