Loading Video...
Спорт плус
2. February 2021 - 19:22

ИОК: ЛОИ во Токио мора да се одржат

И додека светот се обидува да ја запре смртоносната пандемија од Ковид – 19 , од ИОК најавија дека во било која ситуација  игрите во Токио планирани за летниот период ќе се одржат.  
Летните Олимписки игри кои беа планирани за летото 2020 тата година и се одложени за наредното лето се под голем притисок за повторно одложување.  Дали овој епилог е можен ќе покаже времето и развојот на пандемијата во светски размери. 
Оптимистите и пред се спортистите учесници се надеваат дека вакцинирањето ќе помогне за безбедно одржување на игрите на што се темели и оптимизмот на претседателот на Олимпискиот комитет, поранешниот јапонски премиер Јоширо Мори. 
„Без оглед каква би била ситуацијата со коронавирусот, ние ќе организираме игри. Не треба да разговараме дали да одржуваме игри или не, туку за тоа како треба да ги одржиме “, изјави  Мори кој доби и поддршка и првиот човек на олимпизмот Томас Бах негирајќи ги информациите за откажување на летните игри. 
Според планот Олимписките игри ќе бидат отворени на 23. Јули додека параолимписките гири се планирани за 24-ти август. 
Се очекува учество на вкупно 15 000 спортисти плус официјални лица. Засега не е познато дали ќе им се дозволи на љубителите на спортот да присуствуваат на трибините но извесно е дека Јапонија ќе ги затвори границите за фановите од другите земји. 
Од друга страна домаќинот на игрите има проблеми со домашната јавност која во голем процент од 80 отсто бара игрите да се откажат или повторно одложат изразувајќи сомнежи дека пандемијата повторно ќе ескалира на јапонските острови.