ИОК ја поедноставува постапката за исклучување на вид спорт од програмата на Олимписките игри
Извршниот одбор на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ќе може да исклучи некој спортот од програмата на Олимписките игри без одобрување на седницата на организацијата. Одлуката е донесена денес на седницата на ИОК во Токио.
– Спортска дисциплина може да биде исклучена од олимписката програма ако соодветната Меѓународна федерација што раководи со спортот не делува во согласност со одлуките на Извршниот одбор на ИОК или ако таа федерација дејствува на начин што може да го наруши угледот на Олимпиското движење, стои во известувањето од ИОК.
Промените се поттикнати од допинг-скандали и корупциски афери во Меѓународната федерација за кревање тегови (ИВФ). Постои можност кревањето тегови да биде исклучено од Олимпијадата во Париз во 2024 година, но во случај на реформи во федерацијата, ќе се врати на Игрите во 2028 година.
Ново на Сител
-

Успение на Пресвета Богородица – Стотици верници се собраа во манастирот кај Матка
-

Мицкоски: Нема да се откажеме од градење дата центри во Македонија
-

28 август - Ден на рударите
-

Рударството како дел од зелената транзиција
-

Мицкоски: За 2 години Владата создаде 17 илјади нови работни места - повеќе од владите на СДСМ за 7 години
-

ЦУК: Регистрирани 11 пожари на отворено - 7 се активни, а 3 под контрола
-

Eпилепсија, вртоглавици, моторни оштетувања: Симптоми на пост-западнонилски синдром
-

Преглед на вестите од светот
