Македонија
28. August 2026 - 16:32

Eпилепсија, вртоглавици, моторни оштетувања: Симптоми на пост-западнонилски синдром

Третманот на заразентие со тешка форма на западно нилска треска не завршува само на Инфективна. Вчера скопјанец неколку дена по напуштање на клиниката побарал помош на Неврологија. Вирусот кај него оставил последици и е неопходна дополнителна медицинска помош која може да трае подолг период.

- Пациентот бил во добра општа состојба со поплака за вртоглавица и нестабилност. Пациентот бил амбулантски третиран и дадени се препораки за терапија и понатамошно доиследување и третман. Самата најтешка форма може да остави последици или секвели како што ги викаме. Една од таквите секвели е и ова. Знаеме дека лекувањето е неспецифично, не постои специфична антивирусна терапија. Така што лекувањето е макотрпно и малку подолго, но за среќа досега сме немале најтешки форми на компликации кај оние што ја прележале болеста, вели асс. Д-р Јован Божиновски, директор на Клиника за Неврологија

Пациентите кои прележале невроинвазивна форма на болеста може да имаат  мускулна слабост и мора да продолжат со физикална рехабилитација. Но некои можат да имаат и губење на меморија, збунетост и други невролошки симптоми.

- После секој менингоенцефалит, како ризик постои можност да се појави симптоматска епилепсија, може да се појават одредени когнитивни нарушувања, потешкотии со губење на рамнотежа или одредени грчеви на нозете, вел ид-р Божиновски.

Од Неврологија велат дека добиле известување од министерот за здравство за подготвеност на клиниката доколку има потреба од дополнителен третман на пациенти со пост – западнонилски синдром.
Инаку од сите регистрирани случаи на вирусот во земјата, само еден од хоспитализираните немал невроинвазивна форма на болеста.

Оваа сезона има 6 починатии со западно-нилска треска, што е повеќе од вкупниот број на смртни случаи за период од 2011 до 2025.