Македонија
29. July 2015 - 15:53

Инфраструктурен проект на општина Битола во Нижеполе

Градоначалникот на општина Битола Владимир Талески денеска изврши увид на инфраструктурните активности што локалната самоуправа ги реализира во потпелистерското село Нижеполе.

Во атарот на селото често се појавуваат свлечишта и затоа општината секогаш навреме реагира и ги санира за да нема несакани проблеми, истакна Талески на денешната прес-конференција во Нижополе.

- Во овој период  се работи на свлечиштето кај џамијата, односно во завршна фаза е изградбата на потпорниот ѕид  кој е со должина од 65 метри. Со санацијата на овие 65 метри и со поправката на улицата, главниот проблем на мештаните ќе биде решен. Вредноста на овој проект, заедно со два пропусти за атмосферска вода кои ќе се направат на улицата, е некаде околу  милион денари, посочи Талески.