Информативен настан на СЕП и Амбасадата на Словенија за повикот за кофинансирање на развојни проекти
Секретаријатот за европски прашања и Амбасадата на Словенија денеска во Клубот на пратеници организираат информативен настан за отворениот повик за кофинансирање на развојни проекти во рамки на билатералната развојна соработка, објавен од Центарот за меѓународна соработка и развој на Словенија.
Воведни обраќања се најавени од државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања, Дрита Абдиу Халили, раководителот за развојна соработка и хуманитарна помош во словенечкото Министерство за надворешни работи, Роберт Кокаљ и амбасадорот на Словенија, Милан Предан.
На настанот ќе присуствува и директорката на Центарот за меѓународна соработка и развој на Република Словенија, Мојца Копшe која ќе ги презентира критериумите, условите и постапката на аплицирање.
Ново на Сител
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка