-->
-->
Информациии: Еве кога ќе се смири тлото под Скопје
-->

Почвата под скопскиот регион има тенденција на смирување, велат сеизмолозите од сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
- Во текот на вчерашниот ден имаше уште неколку помали земјотреси со амплитуди од 1,9 степен, а граѓаните не ги почувствуваа иако претходно се чувствуваа и потреси со јачина од 1,5 степен според Рихтер. Значи дека ударите се се подлабоки и се помалку се чувствуваат на површината на земјата. Тоа изгледа ветувачки дека сепак земјата ќе се смири и дека скопјани може да здивнат, изјавија од oпсерваторијата за „Дневник“.
Серија земјотреси во изминативе три дена чиј епицентар беше во скопскотo подрачје предизвика значителна вознемиреност и загриженост на граѓаните. Според сеизмолoзите ваква серија и интензитет на земјотреси не се случиле во долг временски период ако не се земе предвид земјотресот од 1963 година.
Kако причина за серијата земјотреси сеизмолозите од опсерваторијата при ПМФ ја наведуваат тектонската раздвиженост на африканската и евроазиските тектонски плочи. Тоа ги наведе да размислуваат и за можна поврзаност за земјотресите во западна Турција, во близна на Измир со потресите кои во скопско се случуваа во изминатите два дена, по оној најсилниот од неделата со 5,3 степени.
Вчера во таа област имаше десетина потреси, но сите беа помеѓу 2 и 2,5 степена. Потреси имаше и во Романија со сила од 3,4 степени, во Босна со сила од 3,6 степени, во Бугарија со сила од 2,4 степена и во Грција каде што беше измерен еден земјотрес од 2,1 степен.
Последен земјотрес во Скопје со поголема јачина беше тој во 1,30 часот по полноќ во средата со интензитет од три степени што повторно извади многу жители на главниот парк по дворовите и парковите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Уапсен возачот кој усмрти велопедист кај мостот Гоце Делчев
-

Приведени тројца турски државјани за криумчарење мигрант
-

Хаќим Рамадани: Од денес сум невработен, барам работа само во приватни компании
-

Пронајдена граната од Првата светска војна во с.Отешево
-

САД не планираат нуклеарни експлозии, вели министерот за енергетика
-

Кина ги негира тврдењата на Трамп за нуклеарните тестови
-

Кривична за 49-годишен тетовец, преку социјални мрежи упатувал закани кон новинарка
-

Ердоган: Израел продолжува со окупација и напади врз Појасот Газа
