Бизнис
14. February 2022 - 16:33

Инфлацијата продолжува и покрај замрзнатите цени на основните производи, што е решението?

Замрзнатите цени не ја зауздаа инфлацијата. Во јануари годинава инфлацијата достигна 6,7%, а цени на мало пораснале за 7,3% на годишно ниво. Во првиот месец од 2022 најголем раст има кај цените на горивата за сопствени превозни средства за 24%. Храната во однос на јануари лани поскапела за 9,2%. Од неа, лебот за 10%, зеленчукот за 14, овошјето за 11, маслата за 26%, шеќерот, чоколадите, кондиторските произвиоди за 10%. Трошоците за домување, односно струја, вода, парно се зголемиле за 7%.

Експерите велат дека државата мора веднаш да интервенира по примерот на европските земји кои  го укинуваат или намалуваат ДДВ. Сега е вистинскиот момемент за тоа додека условите на странските пазари се многу поволни за да се обезбедат пари во буџетот.

Денеска уште еднаш поскапеа горивата. Од полноќ бензините поскапуваат за денар, а дизелот за половина денар.