Индов: Мостри ориз од неколку кочански оператори доставени на анализа
Државниот инспекторат за земјоделство денеска доставило на анализа нови мостри ориз земени од неколку магацини од Кочани за да се утврди дали се генетски модифицирани.
Како што изјави за МИА директорот на Инспекторатот Благој Индов, резултатите од анализите се очекуваат во среда или четврток.
- Прибравме мостри од неколку магацини од Кочани. Денеска се дадени на анализа. Поради тоа што е утре неработен ден, резултати очекуваме во среда или четврток, рече Индов.
Оризовото семе за кое Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) објави дека е генетски модифицрано и од увоз, според Индов, влегло во Македонија на нелегален начин.
Инспекторатот за земјоделство ја презема контролата врз генетски модифицираниот ориз на 21 август откако ги доби резултатите од анализите што дотогаш ги следеше АХВ. Тогаш Индов за МИА изјави дека контролите продолжуваат се додека не се дојде до узвониците
- Семето во овој случај не е увезено легално. Затоа, ќе ги продолжиме контролите. Наредниве денови ќе се истражува тоа. Уште не се знае за колку семе станува збор, утврдено е само дека кај повеќе производители има генетски модифициран ориз, рече директорот, потсетувајќи дека увоз на генетски модифицирано семе не е забрането, но мора да е со сертификат и декларирано.
Ново на Сител
-
Привремена забрана за дронови во Њу Џерси од безбедносни причини
-
Автобус и две возила удриле во крави на автопатот Скопје - Тетово
-
Сообраќајна незгода на патот Скопје - Тетово, пренасочен сообраќај
-
Мицкоски: Со тоа што Груби е бегалец само потврдува дека е виновен
-
Намалена видливост поради магла на патните правци Ресен - Битола и Струга - Охрид
-
Тошковски: МВР има снимка, полицаецот е суспендиран
-
Нетанјаху: Израел го штити светот од Хутите
-
Нови 118 случаи на грип во државава