Македонија
29. November 2019 - 10:53

Возило на итна помош удрено додека интервенирало при сообраќајка кај Неготино, две возила се забиле во него

Вчера во 14.50 часот било пријавено дека на автопатот Неготино - Градско, патничко возило „фолксваген пасат“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.Д.(36) од Битола, удрило во заштитна ограда и се превртело на коловозот.

Во незгодата возачот и сопатникот С.С.(34) се здобиле со тешки телесни повреди. Потоа, во паркираното возило на ЈЗУ Здравствен дом Неготино, кое дошло на местото на незгодата, удрило возило „фиат фиорино“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.М.(26) од Скопје, а потоа во него удрило возило „киа рио“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(39) од Скопје.

Притоа со повреди се здобил И.М. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на Полициската станица Неготино.